Од:

Помош за лекување на мајката на актерот и активист Петар Стојковиќ

Актерот и активист за човекови права Петар Стојковиќ на својот Фејсбук профил се обрати до сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат, да го сторат тоа. Станува збор за лекување на неговата шеесет и двегодишна мајка.

„Драги пријатели, мојата мајка повеќе од три седмици ја носам во Градска болница на периодични преврски поради изгореница и корозија на глужд и стапало која сега премина во гангрена. Поради ограничените капацитети, ресурси и персонал во државната здравствена установа сѐ уште не можат да ѝ овозможат хоспитализација и соодветен здравствен третман бидејќи тоа подразбира надзор и асистенција 24/7 особено поради фактот што се работи за слепа жена и дијабетичар. Нејзината состојба се влошува од час во час и постои огромен ризик од прерана смрт доколку не ја добие потребната нега во најскоро време.

– Јас со моите скромни, неизвесни и нередовни хонорари успеав да го покријам досегашното лекување, но повеќе немам финансиски средства како би ѝ обезбедил итно лекување во приватна здравствена установа, единствената надеж за спасување на нејзиниот живот. Затоа ви се обраќам на сите Вам и ве молам да ми излезете во пресрет со парична помош во рамките на вашите можности. Вашите донации не само што ќе спасат еден човечки живот, туку ќе ми помогнат да го задржам покрај мене и оној еден преостанат родител“, напиша Петар Стојковиќ.

Донациите можете да ги уплаќате на мојата трансакциска сметка:
Петар Стојковиќ210501585637903НЛБ Тутунска Банка
Однапред ви благодарам на вашето разбирање и помош.
Ве потсетувам, секој изминат час е пресуден.