Од:

Попоски по средбата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Избори ќе има

По денешната средба на ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициони партнери во Порта Македонија, лидерот на партијата, Никола Груевски не даде изјава пред новинарите кои чекаа нешто повеќе од 2 часа да заврши средбата.

Што се зборувало за време на состанокот, образложи министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој рече дека се договарал заедничкиот настап на изборите закажани за 5.јуни.

– Не може да има било каква дискусија за датумот на изборите, датум одлучен од Собранието и гарантиран со Устав и Закон. Избори на 5 јуни ќе има. Ги повикуваме сите да учествуваат на изборите и да ги убедат граѓаните дека нивната опција е најдобра и конечно после изборите да се концентрираме на граѓаните. Секој политички чинител има услов, дали ќе учествува или не на избори, порача Попоски.

Според лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кризата во земјава предолго трае а некои политички партии кои сакале да избегаат од избори, бегале од соочување со волјата на граѓаните.