Од:

Поранешни шефови на НАТО бараат вонреден самит со Трамп

U.S. Defense Secretary Robert M. Gates and other NATO Ministers of Defense and of Foreign Affairs met together at NATO headquarters to give final political guidance in preparation for the meeting of Allied Heads of State and Government at the upcoming NATO Summit in Lisbon, Portugal in November in Brussels, Belgium, on Thursday October 14, 2010. DOD photo by Master Sgt. Jerry Morrison(RELEASED)

Поранешните шефови на НАТО Андерс Фон Расмусен и Jaп де Хoп Скефер повикаа на вонреден самит за да се осигура политиката на одбрана на САД по изборот на Доналд Трамп за претседател.

Тие исто така предупредија дека НАТО е против избрзаните изјави на Трамп за тоа дека тој ќе дозволи отцепување на Крим и Источна Украина како руско подрачје на  влијание.

„Ако прифатиме анектирање на Крим ние ќе се откажеме од едно правило на редот и тоа ќе има последици во целиот свет“, рече Расмусен.

За време на кампањата Трамп изјави дека луѓето од Крим сакаат да живеат под Русија, а не под Украина и тој ќе ја разгледа опцијата дали САД ќе ја признае анексијата на Москва од 2014. Тој, исто така рече, дека сојузниците на САД ќе мора да ја прифатат оваа одлука или САД ќе им рече „Честито, од сега сами сами да си се браните“.

Шефер, пак , загрижено зборување дека постои отворен стран дека изборната реторика на Трамп ќе стане реалност.

„Ако се прифати анексија на Крим, тоа ќе биде за прв пат по втората светска војна да се менуваат граници со војска. А тоа ќе создаде и погрешен впечаток дека ако имате нерви да чекате доволно долго, тогаш НАТО, ЕУ и САД ќе се откажат и ќе ви попуштат и тоа ќе создава долги кризи“, рече Шефнер.

Барак Обама во меѓувреме шета низ стариот континтет и ги уверува европските држави дека Трамп ќе го почитува пактот без разлика на неговите изјави во кампањата. Утре Обама ќе се сретне со сојузниците во Берлин и таму уште еднаш ќе ги повтори утешните зборови дека нема простор за опасност од вистински реакции на Трамп.

 

Шефер, пак, рече дека од неговата кампања стекнал впечаток дека Трамп не е човек кој сака сојузи, и дека како претседател прво треба да се потруди да го поправи тој впечаток.