Од:

Пораз по 13 меча: Тотенхем ја прекина серијата на Челзи

Тотенхем стави крај на победничката серија на Челзи. Спарси на својот „Вајт Харт Лејн“ го совладаа Челзи со 2:0 во последниот меч од 20. коло во Премиерлигата и ја прекинаа победничката низа на „сините“ на Антонио Конте што траеше 13 меча. Двоен стрелец за домашните беше Деле Али во продолжението на првиот дел и во 54 минута од средбата по асистенции на Ериксен. Арсенал, по ова, останува рекордер по бројот на едноподруго победи (14) од 2002 година.

Со петтиот триумф во низа Тотенхем е најде на делба на третото место на табелата со 42 бода колку што има и Манчестер сити. Но, она што е уште поважно е враќање на неизвесноста за шампионската титула во англиското првенство. Челзи останува лидер на 18 кола до крај на сезоната со само пет бода повеќе од Ливерпул на второто место.

Тимот на Јирген Клоп во наредното коло (15 јануари) го очекува мегдан со Манчестер сити на „Етихад“, а Челзи ќе гостува на првакот Лестер. Во меѓувреме премиерлигашките екипи ќе имаат обврски во ФА купот и во Лига купот на Англија.