Од:

Портрет Паневски:Продолжува традицијата на охридските древни занаети

Љупчо Паневски од Охрид изработува хартија на автентичен начин како што тоа се правело со векови наназад во манастирот „Свети Наум“. Од неговите вешти раце изработени се илјадници листови хартија, а неговиот дуќан секојдневно го посетуваат туристи од странство и од земјата. Паневски се обидува да ја зачува вековната традиција, но државата не покажува никаков интерес да ја негува оваа ризница на културно и историско наследство.