Од:

(Портрет) Војо Цветановски: Најискрената публика е на улицата

Војо Цветановски е првиот уметник во Македонија кој студирал и се занимава со пантомима. Тој веќе две децении со своите улични претстави се обидува да испраќа пораки и да ги критикува општествените прилики. Настапува во Македонија, но вели дека неговата уметност повеќе се цени надвор од границите на земјава. Во Портретот, кој за Цветановски го направи НОВА ТВ, тој зборува колку е тешко да комуницираш со публиката, која не е во театар, туку на улица и да успееш да и го задржиш вниманието.