Од:

После 86 години симболот на Менхетен ги затвора врати

Од Мерилин Монро до Грејс Кели, од американскиот претседател Херберт Хувер (1929 – 1933) до Барак Обама (2009 – 2017), преку сите челници на планетата кои таму отседнале во текот на годишниот Состанок на собранието на Обединетите Нации. Низ зданието отворено на 1 ноември 1931 година во Парк Авенија во срцето на Менхетен, во неговите луксузни соби помина извонредна листа на славни и моќни луѓе од целиот свет.

После 86 години, хотелот „Валдорф Асторија“ со повеќе од 1.400 апартмани во кои има 24 часовна услуга, најголем на светот во времето кога беше отворен, се подготвува за големо реновирање.

Кинеската осигурителна компанија „Анбанх“ која го откупи од ланецот „Хилтон“ во 2014 година за 1,95 милијарди долари, почнува големи зафати за реновирање од 1 април кое треба да трае најмалку две години.

Не е познат идниот план, но голем дел од хотелот би требало да се претвори во луксузни апартмани, со повеќе дуќани во приземјето, препуштајќи само мал дел на хотелскиот дел.

Во 1993 година хотелот беше заведен како обележје на Њујорк како Емпајр Стејт Билдинг и Бруклинскиот мост, па така надворешноста не е во опасност. Но, внатрешниот дел не е заштитен и некои се грижат дека големата сала за танцување или мозаикот на влезот би можеле засекогаш да исчезнат и покрај ветувањето на „Анбанг“ дека ќе работат заедно со одговорните за имотот.