Од:

Потресна приказна на белгиски форензичар кој го составува телото на внуката

Автор на текстот е новинарот Бојан Панчевски кој работи за Sunday Times како дописник од Брисел

Еден од најискусните беглиски форензичари-антрополози, Вили Лајперт со години ги составувал распаднатите тела на луѓе непознати за него. Сепак 64-годишниот научник секогаш стравувал дека на масата пред него ќе се најде телото на некој што го познава.

Неодамна се пензионираше од раководната функција за идентификација на жртви во Белгија, но минатата недела се обврзал себе си да се врати на работа.

Неговата внука, Фабиан Ванстенкист беше убиена во терористичките напади врз Брисел. Фабиеn е убиена во нападите на аеродромот. Телото и било распарчено од експлозијата, а Лајперт волунтирал тој да ја составува настаната штета врз телото.

Ванстенкист имала 51 година и била мајка на два деца. Таа била ќерка на сестрата на Лајперт. Работела на еден од шалтерите на аеродромот. Нејзината смена само што завршила кога одекнала првата од двете екплозии.

– Кога слушнав дека мојата внука ја нема, веднаш ги повикав моите поранешни колеги. Неофицијално ми рекоа дека го имаат нејзиното тело, вели Лајперт.

Таа и понатаму официјално се води за исчезната бидејќи не е идентификувана, а белгискиот форензичар вели, тој побарал да се соочи со предизвикот.

– Сакам да го реконструирам нејзиното осакатено тело. Така нашето семејство ќе може достоинствено да се прости од неа, раскажува тој за еден од белгиските весници.

За време на неговата долгогодишна кариера, Лајперт секогаш успевал да ги контролира своите емоции. Тој исто така беше еден од европските специјалисти кои беа во Тајланд по цунамито на Индискиот Океан, при што загинаа на 230.000 луѓе од 14 различни земји. Тогаш помогнал да се идентификуваат 2.700 жртви.

Но овој пат, вели Лајперт, веројатно ќе бара помош од психолог. „Многумина ќе мислат дека сум луд, но тоа е моја должност иако можеби ќе плачам“.

Вили Лајперт е отворен да им помогне и на другите белгиски семејства но само откако ќе заврши со неговата внука.

Терористите во своите бомби користеле лесно достапни состојки со пероксид, кои ги има во козметиката и во производите за прва помош за да ги направат своите експлозиви. Но потоа додале шајки, шрафови и други метални делчиња за да ја зголемат што е можно повеќе штетата.

Белгиецот нема илузии дека се соочува со неизмерно тешка задача.

– Таквите бомби со шајки предизвикуваат огромна штета на телото. Но имам доволно искуство да го составам и да го направам што е можно порепрезентативно како не би се шокирало семејството.