Од:

Потврдено: Јужнокорејската претседателка земала мито

Јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје соработувала со својата пријателка Чои Сун Сил за да примат мито од Самсунг груп, со цел да се зацврсти контролата на директорот компанијата Џеј Ли во самата компанија, соопшти денеска Специјалното обвинителство.

Истрагата го испитуваше влијанието на актуелниот скандал во кој е вмешана Парк, која беше сменета од Парламентот во декември лани.

Таа е обвинета дека во соработка со својата пријателка вршела прититсок на големите фрими да уплажаат донации во две фондации во нејзина сопственост.

Чои Сун Сил ги отфрли сите обвинувања. Таа немала официјална функција, но се верува дека го користела своето влијание да ги натера компаниите да даваат милиони долари во нејизните фондации.

На смената на јужнокорејската претседателка претходеа масовни граѓански протести.