Од:

Познати факти за мигрената

Кои се општите митови и вистини, третмани и симптоми на мигрената?

Мигрената е епизодна и тешка форма на главоболка, објаснува д-р. Џилијан Форер. Вообичената главоболка е доволно лоша, но доколку истата е придружувана од лошење, повраќање и осетливост на звуци и светло, тогаш веќе станува збор за нешто злокобно, вели таа. „Мигрените се обично генетски појави и се причинети од наследна, невролошка непостојаност.“

Дали е потребно веднаш да побарате медицинска помош?

Нема да Ви наштети да се консултирате со доктор доколку имате интензивни болки, советуваат експертите. Мигрената вообичаено се состои од 4 фази кои докторите лесно ги детектираат. Д-р Џил советува, доколку развиете главоболка многу посилна и невообичаена, тогаш посетете го Вашиот лекар.

Што придонесува кон мигренозни болки?

  • Мигрената може да биде генетска, но и други комплексни причинители се во игра, од невролошки поттикнувачи до начин на живот. Сепак, и најмала причина може да активира мигрена. Во други причинители од доменот на искрана можеме да ги вброиме алкохолот, чоколади, адитив 621, кофеин, ореви. Да, скоро се’ што радо би конзумирале!!
  • Мигрената е почеста појава кај жените, а причини за тоа се менструален циклус, овулација, заменска хормонална терапија. Исто така тука се вклучени сензорни стимуланси, особено силно и трепкачко светло.
  • Кога се работи за појава на мигрена како резултат на стрес, тогаш внимавајте на преоптовареност со обврски, криза, губиток или промена. Доколку често летате со авион, не можете да ја избегнете мигрената. Ако ништо друго, патувањето може да го влоши проблемот поради надморската висина, промена во временските зони и метеоролошките услови.

Како да си помогнете при мигрена:

  1. „Имајте план и започнете со терапија што побргу за да го спречите нападот од болки“, предупредува д-р Џил. „Кажете им го планот на Вашите најблиски за да почувствувате и нивна поддршка“
  2. Избегнувајте ги сите поттикнувачи кои ги наведовме погоре, и штом почувствувате дека Ви се заканува мигрена, најдете темно и тивко место да легнете.
  3. Менструалните мигрени можат да траат подолго, затоа бидете подготвени и за ова.
  4. Избегнувајте премногу апчиња. Апчињата можат да доведат до главоболки поради прекумерна употреба на медикаменти, попознати како „повратни главоболки“.

Постојат доста терапии кои вклучуваат одредени апчиња со кои може да се запре или спречи мигрената, вели д-р Џил. Такви апчиња се намалувачите на болка, апчиња против мачнина, ерготи или кортизон. Спречувачи на мигрена истотака можат да бидат одредени медикаменти за срце и антидепресанти, како и за смирување на напади.

Понекогаш невролозите им даваат инекции со ботокс во главата или вратот на луѓе кои патат од мигрена, и неретко тоа е успешен чекор. Истотака постојат и терапии без апчиња, туку со витамини, особено со фолна киселина, како и природни состојки кои можат да помогнат.