Од:

Пратеничките Шеќеринска и Касапи – моментите меѓу животот и смртта

На 27 април при насилниот упад во Собранието беа нападнати повредени жени, пратенички од СДСМ. Радмила Шеќеринска беше повредена во главата, Ѓулумсер Касапи во рамото, но сите што беа таму живеат со траумите од тој крвав четврток. Пратеничките Шеќеринска и Касапи за НОВА раскажуваат што се преживеале во тие неколку часа кога се случуваше крвавиот чин. Насилниот упад во Собранието, тепањето на пратениците и новинарите, обидите за убиство ќе остават црна дамка во поновата историја не само на Македонија, туку и во светот.