Од:

Права на посилниот пол: Сите жени во македонската политика

 

Правата на жените во Македонија на почетоците на државноста биле акцентирани, со оглед на фактот што Ката Лахтова била претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од 28 април 1984 до 24 април 1985 година и  досега таа е единствената жена која застанала на чело на законодавниот дом.

Ката Лахтова

 

Лахтова од 1944 година е учесник во НОБ, кога што била примена и за член на Комунистичката партија на Југославија. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон.

Потоа, била секретар на Околискиот комитет на КПМ во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на КПМ – Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ, претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.

Со осамостојување на државата, правото на родова еднаковост е минимизирано- единствените жени во македонското Собрание од почетоците откога е основано (1991-2016) кои ја вршат улогата како потпретседател се Рената Дескоска, СДСМ, Сузана Салиу- ДУИ, Лилјана Поповска- ЛДП и Светлана Јакимовска, ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до извршната власт, Владата на РМ никогаш немала на позицијата премиер- жена, додека во првиот владин состав (1991) – експертски, под палката на Никола Кљусев, и воопшто не била именувана жена како министер за одреден ресор.

Во втората Влада (1992) раководена од Бранко Црвенковски (СДСМ), Софија Тодорова  е министер за развој, додека Гордана Силјановска е министер без ресор.

Емилија Симоска и Софија Тодорова

 

И третиот владин состав (1994) на Црвенковски како премиер, е идентичен- само со две жени: Емилија Симоска, министер за образование (не е член на СДСМ) и Софија Тодорова, која од развој, ротира во Министерството за наука.

Во Владата на Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ (1998), сепак доаѓа до значајна промена: Доста Димовска и Радмила Кипријанова стануваат вице-премиерки. Министерка за развој е Милијана Даневска од ДА на Васил Тупурковски, додека за наука е Мерие Рушани од ДПА.

Сепак, Доста Димовска во 1999 ротира- добива министерско место – внатрешни работи, додека во 2001 ја губи и оваа позиција, за после неколку месеци повторно да се врати на вице-премиерското место.

Ганка Самоилова- Цветановска со Никола Груевски

Во 2000 г., министерството за култура го добива жена- Ганка Самоилова- Цветановска, што ќе остане печат на владеењето на наследникот на Георгиевски, кога на премиерската фотелја седнува Никола Груевски.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ (мај 2001) после конфликтот, ја именува Илинка Митрева за прва жена министер за надворешни работи.

 

По стапките на Георгиевски, Бранко Црвенковски во 2002 се решава на похрабри потези: да ја стави Радмила Шеќеринска како вице-премиер за евроинтеграции во Владата и Илинка Митрева како министерка за надворешни работи, но бројката од две жени не ја надминува.

Неговиот наследник, Хари Костов (2004)  ги задржува Шеќеринска и Митрева и не именува други жени во Кабинетот, а и самиот Костов решава да остане премалку во премирската фотелја.

Следниот премиер, Владо Бучковски во 2004 прави значаен чекор напред, оставајќи ги Шеќеринска и Митрева на позициите, но и именувајќи ја Мери Младеновска како министерка за правда.

Гордана Јанкулоска по распит во Судот- истрага на СЈО

Владеењето на Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ (2006-2016) е обележано со позиционирање на една жена која 9 години не го менува ресорот: Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни останува се до 2016, кога доаѓа до нејзина оставка, по инцидентот Диво Насеље во Куманово, кога загинуваат 8 полицајци и 14 терористи и скоро 40 повредени.

Во оваа прва Влада на Груевски (2006) по стапките на Шеќеринска, именувана е жена како вице-премиерка за евроинтеграции- тоа е прерано починатата Габриела Коневска- која важи за една од поталентираните млади политичари. По смртта на Коневска, евро-интеграциите стануваат ресор за мажите.

Коалициониот партнер НСДП на Тито Петковски го добива министерството за економија, каде е именувана Вера Рафајловска.

Во вториот владин мандат (2008), Груевски ја именува за министерка за култура Елизабета Канчевска, која останува се до 2017 на оваа позиција, со што после Јанкулоска, станува обележје на сите влади на Груевски.

Коалицијата со ДУИ (2011), ВМРО-ДПМНЕ го тера повторно да го врати вице-премиерското место на жена- Теута Арифи ја добива функцијата се до 2013, после што Груевски не се охрабрува да го засили владиниот кабинет со повеќе од две жени- Јанкулоска и Канчевска се единствените кои ја циментираат оваа негова одлука. Овој  манир продолжува да го следи и Емил Димитриевски, како наследник на Груевски, одлучувајќи се втората жена во неговиот кабинет да биде Марта Томовска- Арсовска, министерка за информатичко општество.

Оттука, претседателствување на првата жена на чело на Собранието на Македонија, Ката Лахтова, останува преседан, за кој нема политичка волја да биде сменет, ниту пак има навестувања за некакви, минимални подобрувања на женските позиции во македонската политика.