Од:

Прекинува штрајкот на новинарите од весниците на МПМ

Прекинува штрајкот на новинарите и медиумските работниците од „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ кој траеше еден месец, откако Медиа принт Македонија на вработените им ја исплати јануарската плата.

– Барањата на вработените се исполнети и нема основ да продолжи штрајкот, велат од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Ова практично значи дека новинарите ќе се вратат во своите редакции откако дневните весници утрово излегоа со преполовени страни.

Изминативе неколку дена штрајкот траеше 8 часа а весниците, кои излегоа во преполовена форма, беа полнети со сервисни информации од оние кои не штрајкуваа и без автоски текстови.