Од:

Примера: Нов кикс на Барса, магија на Меси во 90 минута (Видео)

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на „Ел Мадригал“ во претпоследниот меч во шпанска Примера. Аргентинецот со гол од слободен удар во 90 минута израмни на 1:1 и делумно да наруши забавата на тимот на Вилјареал.

Каталонците не беа на препознатливо ниво. Иако имаа поголем посед на топката и упатија повеќе удари кон противничкиот гол, сепак, победа не заслужија. Домашните одлично се поставија во дефанзива, одлично одолеваа на нападите и заканите на фаворизираните гости и своја прилика гледаа во контранапади. Шансоне во 49 минута им донесе водство што умешно го одржуваа до финишот во кој прекршок во зоната на удар беше кобен по нив.

Барселона е трета на табелата во шпанското првенство со 35 бода, пет помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку. Екипата на Луис Енрике во четвртокот загуби од Атлетик Билбао, на „Сан Мамеш“, со 2:1 во првиот осминафинален меч во Купот на Шпанија.