Од:

Примера: Шлаканица за Барселона на „Риазор“

Замор, недостаток на мотиви или што би рекол Лино Червар „емотивно празнење“? – По историскиот пресврт во Лигата на шампиони против ПСЖ, фудбалерите на Барселона се приземјени во Примера. Депортиво ла Коруња ги совлада Каталонците со 2:1 во 27 коло во шпанскиот шампионат и го забави нивниот напад на титулата. Хоселу во 40 минута и Бергантинос во 74. беа стрелци за домашната екипа, Суарез во 46 го постигна единствениот за екипата од „Камп Ноу“.

Барселона во средата одигра тотален фудбал, прикажа партија и оствари резултат што сè уште е топ тема и уште долго ќе се прераскажува. Четири дена подоцна, во Ла Коруња, покажа сосема поинакво лице. Причините што доведоа до последицата најдобро се познати на нив, но веројатно им е јасно дека може скапо да ги чини во битката за тронот со Реал Мадрид кој допрва треба да го игра со Бетис (вечерва, 20.45 ч.). Во случај на триумф, „кралевите“ ќе се вратат на првото место на табелата со два бода повеќе од Барселона.

Примера

Резултати, 27 коло

Депортиво ла Коруња – Барселона 2:1

Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 0:2

Гранада – Атлетико Мадрид 0:1

Малага – Алавес 1:2

Севилја – Леганес 1:1

Валенсија – Спортинг Хихон 1:1

Еспањол – Ла Палмас 4:3

Селта – Вилјареал (во тек)

Реал Мадрид – Бетис (недела, 20.45 ч.)

Осасуна – Еибар (понеделник, 20.45 ч.)