Од:

Притворот како казнена мерка

Во најновото истражување на професори од Правен Факултет „Јустинијан Први“, наречено „Неосновано притворени-правни и бучетски импликации 2011-2015“ 138 граѓани биле неосновано притворени. Подоцна против нив не било покренато обвинение или пак биле ослободени по жалби во судските постапки.

Според ова истражување, барањата за притвор, судиите ги прифаќале во 90 отсто од случаите.

Хелсиншкиот комитет објави извештај дека судовите спроведуваат селективна правда во однос на мерката притвор. Барањата за притвор на СЈО редовно се одбиваат, а на барање на ОЈО над 100 лица се неоправдано притворени. За ова говореше и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на собраниска комисија додека го презентираше вториот извештај за работата на СЈО.

„Барам сите луѓе опфатени од притвор да се пуштат. Јас не сум за мерката притвор, само кажувам дека е различен пристапот на судот за обвинителството за организиран криминал и за СЈО. Во предметот ’Шпион’ има лица кои и по четири години се во притвор“, рече Јанева пред пратениците.

Изминатите години во сите извештаи на Народниот правобранител беше констатирано дека со прекумерната употреба на притворот се кршат човековите права. Неколку случаи добија и етиките на „политички затвореници и се најдоа во извештаите на Стејт департментот за Македонија. Проблемот со злоупотреба на оваа мерка во Македонија е многу сериозен, а жртви се илјадници обични граѓани.