Од:

Продолжуваат протестите во Будимпешта против блокирањето на ЦЕУ

Незадоволни од власта на Виктор Орбан, која преку реформи во образованието го попречува работењето на Централниот Европски Универзитет, илјадници студенти во Унгарија маршираа до зградата на Парламентот.

Власта понуди компромис со кој ЦЕУ, спонзориран од американскиот бизнисмен Џорџ Сорос, би продолжил со работа.

Но како што велат демонстрантите, протестите се насочени против цензурирањето на слободата на изразување.

„Европа! Европа!“ , „Слободна земја! Слободен универзитет!“ се паролите со кои маршираа студентите.

Унгарскиот Парламент донесе нов закон минатата недела преку кој со строги услови се усложна работата за доделување лиценци на странски универзитети.

Според критичарите на Орбан, како и европратениците, се работи за обид да се замолчи слободата на изразување како и академската слобода.

Унгарскиот секретар за образование, Ласло Палкович, неодамна порача дека Универзитетот ќе може да продолжи со работа доколку продолжи со предавањата и издавање дипломи преку постоечкото унгарско сестринско училиште.

„Никогаш немавме намера да го затвориме ЦЕУ. Прашањето е дали ЦЕУ сака лиценца во Унгарија или сака да држи предавања во Унгарија со ЦЕУ дипломи. Лиценцата кои тие ја имаат, не значи многу“, изјавил Палкович.