Од:

Промовирана видео игра која ќе ги учи младите на недискриминација

Промовирана видео игра „ Извидници што помагаат“ со цел да се намали дискриминацијата кај децата и младите и тие да станат свесни дека постои некој различен од нив кој што с е соочува со потешкотии во живоитот. Настанот кој се случи денеска во 11 часот во Јавна соба, беше во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој организираше дружење за најмладите на кое беше промовирана видео играта „ Извидници што помагаат“ .

Присутните деца ја играа видео играта на лаптопи и таблети, а дел од нив боеја боенка која исто така беше наречена „ Извидници што помагаат“. На настанот присуствуваа и извидници кои ги учеа децата како да се снаоѓаат во природа и да врузуваат јажиња.

Пол Едврд заменик на британскиот амбасадор рече дека е многу задоволен што еден ваков проект се подготвува со поддршка на британската амвасада. Со овој проект, кој децата од најмали нозе ги учи на недрискриминација и на тоа да знаат како  живеат оние  што се различни од нив, кои се од маргинилизрани групи или се со некаков инвалидитет.

„Драго ми е што помогнавме во изработката и спроведувањето на овој проект“, рече Едвард.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска рече дека овој проект има за цел децата уште од мали да сфатат дека има некој што живее различно од нив и што се соочува со потешкотии во животот. Според Пировска, државните институции имаат уште многу работа за да им го олеснат животот на оние кои имаат посебни потреби и се различни од останатите. Таа додаде дека и покрај бројните проекти и едукиции кои се прават дискриминацијата се уште е многу присутна во Македонија. Како што најави Пировска, оваа видео игра ќе с е споделува на социјалните мрежи и ќе биде лесно достапна до сите граѓани.