Од:

Промовирана Стратегија за справување со климатски промени

Студија за климатски промени „Отпорно Скопје“, подготвена со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) беше промовирана во Град Скопје. Стратегијата содржи сеопфатни анализи, препораки и акции за подобро справување со климатските промени, за нивно намалување и адаптирање, како и за јакнење на урбаната отпорност. Во Стратегијата се опфатени акциите за намалување на причините за климатските промени, базирани на изработениот Инвентар на стакленички гасови за 2008 и за 2012 година, пресметани за трите главни сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт.

„Притоа, земени се предвид веќе преземените активности од Градот Скопје во различни области: енергетската ефикасност, јавниот транспорт, подобрувањето на условите за одвивање на сообраќајот, развивањето на алтернативниот сообраќај, заштитата на воздухот и на водите, комуналните услуги, јавното зеленило, заштитата на здравјето на луѓето, помошта за ранливите групи и лицата со посебни потреби и др. Акцискиот план на Стратегијата предвидува голем број активности во сите области, при што, највисок приоритет имаат превенцијата и заштитата од поплави и зелената инфраструктура. Висок приоритет е даден на: Воспоставување и унапредување на системот за предупредување; информирање и подигање на свеста, како и други институционални и организациски мерки, Урбанистичко планирање заради заштита од поплави, Заштеда на чиста вода за пиење, реупотреба, одведување на отпадни и атмосферски води, Формирање и рехабилитација на јавните зелени простори“ изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Во таа насока како важен документ за Градот Скопје е изработката на Зелениот катастар, којашто е во тек, најавија од градот.

„Целта е воспоставување сеопфатен информациски систем за зелените површини во Скопје и регулирање и управување со севкупниот систем на зелените површини на градот. Зелениот катастар ќе биде жив, интерактивен документ, во прилог на подобрување на активностите на ЈП „Паркови и зеленило“ и на транспарентност и достапност на податоците и увид во состојбите за граѓаните. Имплементацијата на предвидените мерки за успешно справување со климатските промени бара организирана акција на Градот Скопје и скопските општини, но и на ресорните министерства, стручните институции и организации, како и на сите граѓани на Скопје“, велат од Град Скопје.

Според податоците во стратегијата, доколку не се преземе ништо во наредните години, емисиите на стакленички гасови ќе се зголемат за 25% во 2020 година. Но, доколку се имплементираат мерките кои се веќе планирани во стратешките документи и развојни планови на општините и на Градот Скопје, емисиите можат да се намалат за 22%.

„Многу е важно да се направи вистинскиот избор. Секоја година температурите стануваат се повисоки, а екстремните природни непогоди се се позачестени, јасно е дека итно треба да се засилат напорите за справување со климатските промени и подготовка за нивните последици. Скопје презема водечка улога на ова поле и ние го охрабруваме и градот и граѓаните да ги спроведат мерките коишто се предложени во новата стратегија“ рече денеска Луиза Винтон, од УНДП.

На денешната промоција беше доделен и велосипед на расклопување на Зорица Бојаџиева, за нејзината идеја којашто победи на конкурсот за граѓаните