Од:

Промовирана видео игра за намалување на дискриминацијата меѓу децата

Хелсиншкиот комитет за човекови права викендов промовираше видео игра со која се подига свесноста кај младите за проблемите и потребите на лицата во инвалидски колички.

Неколку часа во јавна соба дел од децата ја играа играта на лаптопи и компјутери, а останатите боеја во боенка наречена „рака што помага“. Целта на оваа игра е децата да ги разберат различностите и да се поттикне меѓуетничка толеранција.

Проектот под кој е промовирана оваа игра е наречен  „поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, а е поддржан од британската амбасада.