Од:

Протест против тетовската дива депонија

Жителите на тетовската населба „Деребој“, која се наоѓа во непосредна близина на „дивата депонија“, за денеска во 13 часот најавија протест со цел да ги принудат надлежните да го отстранат ѓубрето на влезот од градот, објави Радио МОФ.

Протестот го поддржа и еколошкото движење „Еко-герила“, кои ги повикаа тетовци масовно да се приклучат на протестот и да ја принудат општината во дислоцирањето на депонијата надвор од градот.

-Да ги подржуваме што помасовно за да ја принудиме Општина Тетово да ја дислоцира оваа депонија од градот. Протестот ке се одржи во самата депонија, објави Еко герила на својот Фејсбук профил.

Надлежните неколку пати досега ветуваа конечно решавање на проблемот, но градското ѓубре продолжува да се одложува на истата локација.

Еколошките активисти постојано ја посочуваат депонијата дека го труе населението и претставува срамна точка на градот, додека граѓаните организираа повеќе протести, тврдејќи дека истоварот на смет на таа локација, освен што го загрозува нивното здравје, го прекршува и законот.