Од:

Првообвинетиот за „Диво насеље“ не се чувствува виновен

Фото ТВ21

Сами Укшини, првообвинетиот во случајот „Диво Насеље“денеска сведочеше во судница на Врховниот суд, каде што истакна дека иако учествувал во настанот, не се чувствувал виновен, бидејќи не командувал со групата,  а станал дел од неа на барање од Бег Ризај и Мирсад Ндрецај.

Единственото оружје кое го имал бил калашников, АК – 47. Според него полицијата имала цел да ја ликвидира целата група, а не да ги приведат.

Тој истакна дека учествувал и во конфликтот од 2001-та година и дека во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор.

Според Укшини, договорот до 2004-тата не бил спроведен. Во судот, продолжува сослушувањето на останатите обвинети.

Од косовската група претходно најавија дека во нивните сведочења ќе бидат споменува полициски службеници, како и политички активни личности.

За време на терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година во кумановско беа убиени осумина полицајци, а беа ранети 37 нивни колеги.

Во борбите со полицијата беа убиени и 10 членови на вооружената група. Триесет и седумтемина обвинети се товарат за тероризам и терористичка организација.