Од:

ЖИВО- Пукање на аеродромот Орли во Париз, едно лице е убиено

Едно лице е убиено денеска на аеродромот Орли во Париз, откако се обидело да земе пиштол од еден од војниците кои го обезбедуваат аеродромот.

Делови од аеродромот Орли во Париз се евакуирани, а на патниците не им е дозволено да го напуштат аеродромот.

Операцијата за обезбедување на аеродромот продолжува, а вклучен е и бомбашки тим.

Орли е вториот по големина аеродром во Париз.



Comments are closed.