Од:

ЖИВО Видео: Пукотници на Шанзелизе, убиен полицаец

На познатата француска авенија Шанзелизе вечерва имаше пукање во кое загина еден полицаец а друг беше ранет. Напаѓачот беше убиен но се чини дека имало и втор напаѓач, објави француското биро на агенцијата Ројтерс.

Париската префектура им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Франција во недела го бира својот нов претседател. Тероризмот е една од главните теми на овие избори, особено по нападите во Париз и Ница за кои одговорност презеде терористичката организација Исламска држава.

Според портпарол на министерството за внатрешни работи, пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Напаѓачите намерно пукале на полициска кола.

Париското антитерористичко обвинителство потврдува дека се работи за терористички напад.

Француските медиуми јавија дека и вториот напаѓач е пронајден.

Во видеото на каналот БФМТВ сведочи жена вработена во еден од дуќаните на авенијата и вели дека “многу луѓе плачеа и сите трчаа на сите страни, авенијата беше евакуирана за 5 минути”.

Засега нема повеќе информации за идентитетот на напаѓачите.