Од:

Рачна бомба оставена пред гаража во Маџари

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Рачна бомба кашикара  била оставена пред гаража на скопјанец на улицата „Париска Комуна“ во скопската населба Маџари.  Вчера утрото во десет часот во полицијата била пријавена бомбата во гаражата во домот на 63 годишниот скопјанец со иницијали П.Ј. Блиску до оградата бил и осигурувачот. Полицијата направила увид, а известен бил и Одделот за антитероризам.