Од:

Радикализација на протестите на опозицијата во Албанија

Опозицијата во Албанија од следната недела најави радикализација на протестите, со блокирање на сите патишта во земјата.

За во вторник е најавено доаѓањето во Тирана на преговарачот за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Опозицијата протестира од 18 февруари  и бара техничка влада, бидејќи како што вели само таа може да бори против криминалците од извршната власт, кои ги обвинува за трговија со дрога.

Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша изјави дека она што го почнуваат в понеделник ќе биде само „прво предупредување дека нема враќање од патот за целосна победа на граѓанската кауза“.

Опозиција најавува масовен протест на 7 мај во градот Каваја, каде ќе се гласа за избор на градоначалник, со цел, според Баша, да се спречат избори „организирани од соживотот на Владата со криминалот“.

Во меѓувреме, во албанскиот Парламент не може да се избере претседател на државата, бидејќи ни во вториот круг нема пријавено кандидат.