Од:

Радио МОФ: Линданот од депонијата на Охис ги труе граѓаните

Над 30.000 тони екстремно опасен отпад е несоодветно складиран на депонијата во фабриката ОХИС во Скопје и ги труе граѓаните, пишува Радио МОФ.

Овој отпад содржи линдан, токсичен пестицид и инсектицид, кој е ставен во групата на канцерогени супстанци. Тој се сврзува и со честичките ПМ10 и се разнесува насекаде по почвата.

“Оваа депонија е утврдена како „најжешката еколошка точка“ во Македонија, наведена и на светските еколошки мапи.

Реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија при ПМФ редовно одржува презентации и алармира за овој горлив проблем. Бара итен ангажман и уништување на отпадот. Особено што сите досегашни истражувања и студии укажуваат дека на тој потег освен големо количество жива, со години Скопјани ги труе линданот.

Линданот бил користен како инсектицид со широк обем на дејствување кај семенскиот материјал, за третирање на почвата, прскање, заштита на дрвената граѓа и против ектопаразити кај животните и луѓето. Линданот е токсичен, ставен е во групата на канцерогени супстанции. Односно во групата на ПОПС (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски полутанти.

Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13.000 тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Оставено е на земја. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20.000 тони земја. Па сега таму опстојува над 30.000 тони опасен отпад! Загадени се подземните води, истовремено ветерот ја разнесува прашината во воздухот. Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите. Вака е со години”, пишува Радио МОФ.

Целата анализа за овој проблем на Радио МОФ.