Од:

Ракомет, ЕП 2016: Франција, Холандија, Норвешка и Данска по медалите

Фото: swe2016.ehf-euro.com

Холандија – Данска и Норвешка – Франција се полуфиналните двојки за Европското првенство во ракомет за жени што се игра во Шведска. Дилемите за квартетот на селекции што ќе влезат во завршните пресметки за распределба на комплетот на медали се симнати вечерва по одигрување на натпреварите од последното коло во главната групна фаза на турнирот.

Последни што обезбедија место во големата четворка се Французинките. Нив им беше потребна победа во дуелот со Србија по триумфот на Холандија над Шпанија (29:24) и на Германија против Шведска (28:22). И успеаја притоа. Ја совладаа репрезентацијата на северниот сосед со 28:21 и завршија на второто место во групата 1 во Гетеборг и ги исфрлија Германките од игра за финале.

Фото: swe2016.ehf-euro.com

Норвешка и Данска ја оправдаа фаворитската улога во групата 2. Норвежанките ја декласираа Чешка со 35:24, а Данките беа подобри од Романија со 21:17. Победник немаше во дуелот меѓу Русија и Унгарија (26:26).

ЕП 2016 (ж) – Шведска

Резултати, 5. коло

Група 1 (Гереборг)

Србија – Франција 21:28

Шведска – Германија 22:28

Шпанија – Холандија 24:29

Табела

1. Холандија 8

2. Франција 8

3. Германија 7

4. Шведска 3

5. Србија 3

6. Шпанија 1

Група 2 (Хелсингборг)

Резултати, 5. коло

Чешка – Норвешка 24:35

Данска – Романија 21:17

Унгарија – Русија 26:26

Табела

1. Норвешка 10

2. Данска 7

3. Романија 6

4. Русија 4

5. Чешка 2

6. Унгарија 1