Од:

Ракомет: Македонија со Борко Ристовски против Исланд

Фото: macedoniahandball.com.mk

Лино Червар го „отпиша“ за Светското првенство во Франција во јануари оваа година, Раул Гонзалез го впиша за продолжението на квалификациите за Европското првенство во 2018 година. Борко Ристовски се враќа на голот на македонската репрезентација за мечевите против Исланд на почетокот на наредниот месец.

„По разговорите со селекторот и со раководните луѓе на Федерацијата пришто успехот на македонскиот ракомет беше потенциран како заедничка цел, Ристовски прифати да се врати во репрезентативниот состав и да помогне во квалификациите за Европското првенство во Хрватска“, објави Ракометната федерација на Македонија.

Селекторот Раул Гонзалез објави поширок список со ракометари за средбите со Исланѓаните на 4 мај на домашен терен и три дена подоцна на гости. Предводникот на националниот тим за таа цел повика вкупно 28 играчи.

Фото: macedoniahandball.com.mk

Репрезентативни покани, покрај за Ристовски од Барселона, се адресирани до уште 13 интернационалци – Дејан Манасков (Рајн Некар Левен), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Никола Марковски (Орошази Линамар), Филип Лазаров (Универзитатеа Темишвар), Ацо Јоновски (Бергишер), Немања Прибак (Бешикташ), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талески (Рајн Некар Левен), Велко Маркоски (ППД Загреб),  Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика).

Од домашната сцена се повикани, исто така, 14 играчи – Мартин Томовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Металург), Филип Кузмановски (Металург), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург), Никола Костески (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитриевски (Борец), Костадин Петров (Металург), Кирил Колев (Пелистер), Владо Недановски (Вардар јуниор) и Даниел Ѓорѓески (Вардар јуниор).