Од:

Ракометен мундијал: Македонското знаме на Триумфална во Париз (Видео)

Франција на различни начини го промовира машкото Светско ракометно првенство што почнува утре и ќе трае до 29 јануари. Во прилог за доближување на престижниот спортски настан до локалното население и видео анимацијата на Триумфалната порта во Париз, еден од најголемите француски, европски и светски споменици на познатата Шанзелизе.

Проекцијата почнува со најава на мундијалот, осумте градови домаќини и претставување на учесничките со нивните национални знамиња. Меѓу 24 земји ќе биде и Македонија за која ова ќе биде петти планетарен ракометен турнир на кој ќе настапи по осамостојувањето. Македонското знаме е некаде на средина во, над, триминутниот материјал (1:53 минута).

Ракометните селекции, инаку, пристигнаа во Франција. Домаќини им посакаа добредојде на „црвено-жолтите“ попладнево кои преку Софија, Виена и Луксембург се сместија во Мец и го одработија првиот тренинг во арената со капацитет од 5.300 места во која каде до 19 јануари ќе ги одиграат петте меча во групата Б против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Тунижаните ќе бидат прв противник на составот на Лино Червар во четврток во 17,45 часот.