Од:

Рангирање: Македонскиот пасош на 48 место, германскиот на врвот

Рангирањето го прави агенцијата „Хенли и Партнерите“, која во обѕир зема во колку земји со одреден пасош може да се влезе без виза.

Ситуацијата на врвот не се промени, па така пасошот на Германија остана најмоќен на светот. Со германска патна исправа може да се влезе во 176 земји без виза. По Германија е Шведска чиј пасош овозможува влез без виза во 173 држави.

Македонија го зазеде 48 место, а славниот бугарски пасош е на високото 20 место. Зад Бугарија на 21 место е хрватскиот пасош, а Србија е на 43 место според земјите во кои нивните државјани можат да патуваат без визи.

Од 20 земји чии граѓани можат најлесно да се движат низ светот, освен Јапонија, Канада и САД, се наоѓаат во западна Европа.

Велика Британија падна на листата, најмногу поради Брегзит, додека најголем скок има Пери за 15 места. Британците сепак не се најголеми губитници оваа година, туку тоа е Гана која падна за четири места, додека Индија изгуби три места.

На дното на листата се наоѓа Авганистан, чии државјани без виза можат да влезат само во 24 земји, а со нив се и Ирак, Пакистан, Сирија и Сомалија.