Од:

Распоред на автобусите на ЈСП за волонтерите кон поплавените места

ЈСП Скопје информира дека автобусите кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот од следните локации:

Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.

Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка.

Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован  и продолжува кон крајна точка  е Обилконица (Пункт накај Стајковци)

Последното враќање од овие места е во 19:00 часот.