Од:

Реакции на првите луѓе во Британија и ЕУ по Брегзит

Иако првичните резултати по рефенредумот „Брегзит“ во раните утрински часови покажуваа дека Велика Британија најверојатно ќе остане во Европската унија, сепак исходот е спротивен. Граѓаните во Европската унија и земјите-аспиранти утрово се разбудија со веста дека Британците повеќе не сакаат да бидат во ист кош со нив.

Англија и Велс гласаа Излез, додека Лондон, Шкотска и Северна Ирска поддржаа останување. Вкупниот резултат? Излез 52% Останување 48% .

Првите луѓе на Велика Британија и Европската унија утрово е јавија со првичните реакции а најзвучна е информацијата дека премиерот Дејвид Камерон одлучи да се повлече од функцијата.

камерон

 

Дејвид Камерон, премиер на Обединетото кралство

„Британците донесоа многу јасна одлука. Мислам дека на земјата е потребно ново лидерство…Не би било во ред да продолжам да бидам капетанот“

 

ФараџНајџел Фараџ, лидер на УКИП

„ЕУ умира. Си дадовме шанса за повторно да му се придружиме на светот…23.јуни треба да биде национален ден, да го наречеме Денот на независноста“

 

туск

 

 

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет

„Ова е историски момент но не треба да се биде хистеричен. Секогаш се сеќавам на она што татко ми ми го кажа, она што не те убива те прави посилен“

 

КанСадик Кан, градоначалник на Лондон

„Сакам да им испратам порака на еден милион Европејци кои живеат во Лондон, кои имаат огромен придонес за нашиот град – работат цврсто, плаќаат даноци и придонесуваат за нашиот културен живот, добредојдени сте“

 

 

 

Филип Хамонд, министер за надворешни работи на Велика Британија

„Светот ќе биде за нијанса понебезбедно место без големата улога која Британија ја имаше како членка на ЕУ“

Филип Хамонд (лево), Мартин Шулц (десно)

Филип Хамонд (лево), Мартин Шулц (десно)

Мартин Шулц, претседател на ЕП

„Односите помеѓу ЕУ и Велика Британија 40 години беа повеќедимензионални. Сега е јасно, волјата на гласачите мора да биде испочитувана“