Од:

Реакции на Републиканците по мерката за безбедност на Трамп

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп во својата втора недела откако влезе во претседателскиот кабинет се соочува со политички хаос, односно со илјадници луѓе кои протестираат против него низ улиците на САД, како и со проблеми внатре кај Републиканците по неговата одлука да забрани влез во САД за седум муслимански земји.

Како што велат американските аналитичари, претседателството на Трамп уште во раниот почеток излегува на површина.

И се ова се случува додека админстрацијата на Трамп влегува во критичен период кога бараат потврда од Сенатот за нивните функции.

Вчера тој излезе со изјава во која ги критикуваше Републиканците кои не се согласуваат со него како и медиумите, за кои рече дека погрешно ја толкувале и ја објавиле одлуката.

– Америка отсекогаш била земја на слободните и домот на храбрите. Ќе ја зачуваме слободна и безбедна, како што медиумите знаат но одбиваат да го кажат тоа, изјави Трамп.

– Да бидам јасен ова не е забрана за муслиманите како што измислуваат медиумите. Не се работи за релегија туку за теророт и за да се зачува безбедноста, реагираше тој.

Според сенаторите од Аризона и Јужна Каролина, Џон Меккејн и Линдзи Грем, и двајцата Републиканци, одлуката на Трамп е своеволна.

– Овој указ (забраната), испраќа сигнал или намера дека Америка не сака муслиманите да влегуваат во земјата. Затоа се плашиме дека овој указ може само да го зајакне тероризмот а не безбедноста, во заедничко соопштение напишаа Меккејн и Грем.

Но новиот американски претседател и за нив има одговор.

– Заедничката изјава на поранешните кандидати за претседател Џон Меккејн и Линдзи Грем грешат, тие за жал се слаби на имиграцијата. Своите енергии треба да ги насочат кон ИСИС, нелегалната миграција и безбедноста на границите наместо да гледаат да започнат Трета светска војна, им порача Трамп.

Но освен Меккејн и Грем, реагирааа и републиканецот Вил Х’рд, како и поранешниот прв човек на Сенатот за надворешни работи, Боб Коркер, како и сенаторот Роб Портман.