Од:

Ребаланс: Драстично кратење на кампањите, патувањата, рекламирањето

Комисијата за фнансирање и буџет ја започна расправата за ребаланс на Буџетот за 2017. Како што рече министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението, основната идеја е да се намалат непродуктивните трошоци и реализација на проекциите на новата Влада.

Првите кратење на ваквите трошоци според него ќе бидат во делот на трошоците за службени патувања и репрезентации. Во овој дел Тевдовски истакна дека при ребалансот се водело сметка за преземените и  но непалтени обврски на претходната Влада, како и за склучени договори кои доколку се раскинат државата ќе треба да плаќа пенали.

Тој тука како примери ги наведе МВР каде има неплатени обрски од 424 милиони денари и уште повеќе во Министерството за кулутра – 2,4 милијарди денари.

Во овој контекст тој наведе дека во тек се разговори со Светската банка за составување листа на вакви договори и софтвер за систематско евидентирање на ваквите обврски, за како што рече, да се спречи во иднина нивно ставање под тепих.

Ревидирањето на Буџетот, како што рече Тевдовски е за 1,5 проценти, односно за 2,7 милијарди денари, а најсериозни кратења има кај стоките и услугите од 2 милијарди денари, наменети за службени патувања, репрезентации, кампањи, рекламирање…

Договорните услуги се намалени за 932 милиони денари, освен делот за здравственото осигурување.

Пример за најголеми кратења и за одземање на комодитетот на владините функционери има кај расходите на Владата во делот на стоки и услуги, каде проектираните средства за кампањи, емитување и реемитување на спотови и рекламирање во странство и за селективна распределба на средства на граѓански организации се намалени од 792 милиони денари на 266 милиони денари.

Со ребалансот на Буџетот се додаваат 1,2 милиони денари на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за непречена исплата на пензиите, потоа се остварување на социјалните права на населението, како и 600 милиони денари за Фондот за здравствено осигурување за подобрување на здравствените услуги.

Меѓу другите поважни мерки предвидени со ребалансот се:

-мерки и активности за директа поддршка на работниците и граѓаните за подбрување на животниот стандард средства за субвенционирање на минималната плата која треба да изнесува 12.000 денари од септември, преку поддршка на работовадачите од 70 отсто од порастот на бруто платата,

-поддршка на вработувањето во приватниот секор,

– поддршка за мали и средни претпријатија и домашни инвестиции,

-поддршка на домашниот туризам преку субвенционирање на работниците со ниски приходи,

– поддршка на стечајните работници кои досега не биле опфатени со посебни закони,

-субвенционирање на МРТВ и укинување на радиодифузната такса,

– поддршка ипа проекти за привлекување донации во контекст на искористување на европските фондови…

Дефицитот како што рече Тевдовски е проектиран на 18,57 милиони денари или 2,9 отсто од БДП.

За негово финансирање предвидени се задолжувања на домашниот пазар и кредити наменети за финансирање на одредени проекти и како и депозитор преземен од мината година.

Прдвидено е и странско задолжување, но тоа, како што рече министерот за финансии, зависи од каматите на странските пазари на капитал и од домашниот пазар.

По 15 минутното излагање на министерот Тевдовски, Комисијата има еден час пауза за да го добие стенограмот.

Претседателката н Комисијата за финансирање и буџет Лилјанда Кузмановска на отворањето на седницата потсети на ограничувањата, дека оваа седница може да трае најмногу 10 работни дена и за правилата за образложување на амандманите, кои според најавите ги има над 1.000, како и за должината и бројот на репликите и контрарепликите.



Comments are closed.