Од:

Реџеп Таип Ердоган: Разговорите со Путин се нов лист во руско-турските односи

Овој вторник, во Санкт Петербург, ќе се одржи средба помеѓу претседателот на Русија,  Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган очекува разговорите со Путин да отворат нова страница во билатералните односи меѓу овие две држави.

„Ова ќе биде историска посета, нов почеток. Во разговорите со мојот пријател Владимир Путин, верувам дека ќе биде отворена нова страница во билатералните односи. Нашите држави имаат многу заеднички работи“, изјави Ердоган за руската новинска агенција ТАСС во интервјуто објавено во неделата.

Разговорите кои ќе се одржат во Санкт Петербург се со цел да стават крај на тензиите помеѓу двете држави откако Турција собори руски воен авион близу границата со Сирија, во ноември, изминатата година.

Ердоган и Путин на средбата која ќе се одржи во вторник, ќе се фокусираат на конфликтот во Сирија, трговијата меѓу двете држави, како и продолжување на руските чартер летови до Турција.

Руските туристички агенции, кои на барање на Кремљ ги откажаа  пакет- аранжманите за Турција, доведоа до намалување на руските туристи во Турција  за 87% , во првата половина на 2016та. По извинувањето од страна на Ердоган за инцидентот со рускиот воен авион, односите помеѓу овие две држави се подобрија.

Ердоган во интервјуто додава дека само со партнерство помеѓу Русија и Турција ќе се пронајде решение за моменталната криза во Сирија.

Двете држави досега поддржуваа различни страни во Сирија. Додека Москва го подржува претседателот Башар Ал-Асад, Анкара се залага за негово соборување.