Од:

Редици за надополнување на е-билетите на ЈСП

Долги редици на граѓани и денеска има пред продажните места за купување или надополнување на електронските картички за јавниот превоз. На едно од тие места се чека и подолго од еден час.

Игор Јанушев

Директорот на ЈСП Игор Јанушев на прес конфренцијата во петокот рече дека системот функционира беспрекорно и дека со погрешното информирање на медиумите поради што граѓаните биле доведени во заблуда.

НОВАТВ во неколку наврати минатата недела ја отвори темата е картичките, конкретно за фирмата „Гентомар“ која го доби тендерот за за да стане мастер дилер за продажба и надополнување на е-картичките за градскиот превоз.

Во две стории пишувавме за изборот на компанијата, проблемите во градскиот превоз и за тоа дека градот нема доволно пунктови за полнење на електронските картички со нови средства. Одговорни за поставување локации на кои граѓаните ќе може да купат или надополнат автобуски билети се „Телеком“ и мистериозната „Гентомар“.

Продажно место за е- билети

На прашањето на НОВА дали знае која е фирмата и нејзината адреса, директорот Јанушев одговори: „Фирмата не е моја, јас не знам која е фирмата, односно знам која е фирмата, но не знам каде се наоѓа или која е адресата на која може да ја најдете“.