Од:

Роберт Атанасовски ја доби наградата Фотографија на годината на Бета

Победник на 14-от конкурс за Фотографија на годината на Бета годинава е фоторепортерот на МКД.мк и Франс прес за фотографијата „Шарена револуција“. На изложбата што вечерва беше отворена на Дорчол плац во Белград изложени се 45 дела, од вкупно испратените 300 дела на 76 автори, медиумски професионалци од 8 европски земји.

Атанасовски вели дека последната година во Македонија беше многу возбудливо и дека имаше многу фарбани фасади и графити по зградите на владините институции. Бојата се пере, но срамот не, рече Атанасовски.

НОВА ТВ недоамна му направи портрет на Атанасовски за неговите подвизи и предизвици како фоторепортер, во кој се потсетивме и на сите претходни историски моменти кои беа овековечени низ неговиот објектив.