Од:

Русија го предупреди САД: Нема преговори за нападите во Сирија

Русија ја предупреди коалицијата предводена од САД во борбата против ИСИС, дека на нивните авиони ќе гледа како на непријатели, откако тие денеска за прв пат соборија сиријски борбен авион на армијата на Башар Ал-Асад, кој пак е поддржуван од Владимир Путин.

Русија, главниот сојузник на сириската влада соопшти дека ја прекинува комуникацијата со САД, која што имаше за цел да спречи воздушни инциденти.

Инцидентот со сирискиот авион Су-22 се случи попладне во неделата близу градот Табка каде што Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД, се бореле со милитанти од ИСИС за освојување на градот Рака.

Бомбардерот Су-22 бил соборен од Ф/А-18Е откако фрлил бомби близу Табка, потврди Пентагон.

Исто така, се верува дека ова е првото урнување на авион од авион на коалицијата предводена од САД уште од кампањата во Косово во 1999 година.