Од:

Русија ја укина забраната за увоз на земјоделски производи од Турција

Русија ја тргна забраната за увоз на одредени продукти од Турција. Од забранетата листата се исфрлаат замрзнати продукти од пилешко месо, други производи од живина, свежи и конзервирани краставици, јаболка, круши, грозје и јагоди, јави ТАСС.

Укинувањето на забраната доаѓа откако рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша декрет за укинување на серија ограничувања за увоз на продукти од Турција, а документот е објавен на сајтот на руската Влада.

Се укинува и забраната за извршување на одредени работи и пружање услуги од организации, кои се наоѓаат под јурисдикција на Турција или под контрола на турски државјани и органзиации. Станува збор за градежни фирми, туристички агенции и хотели, компании во дрвопреработувачката индустрија, спроведување технички истражувања и анализи.

На турските компании им се дозволува и да обезбедувата услуги за државните и општинските потреби.

Од 1 јануари 2016 година поради влошувањето на политичките односи, Русија воведе забрана за увоз на серија земјоделски производи од Турција.