Од:

„Руските хулигани тренирани за тепачки“

Официјален претставник на Рускиот фудбалски сојуз (РФС) и ултранационалист, смета дека Русите биле во право што се степале со Англичаните во Марсеј на вториот ден од натпреварите во рамките на Европското првенство во фудбал.

Игор Лебедев, дел од Извршниот комитет на РФС, кој исто така е заменик-спикер во Парламентот, порача дека немало ништо лошо во тоа, туку дека вината е кај Французите.

– Не гледам што има лошо што навивачите се тепаат. Напротив, тие беа во право, продолжете!, порача Лебедев на Твитер.

Според него, вината е во француската полиција и нивната неспособност да ги организира настаните.

Дополнително, во интервју за руски медиум, Лебедев потенцира дека Русите биле провоцирани од англиските навивачи, но и дека министерот за спорт на земјата, Витали Мутко, бил подготвен да влезе во пресметките.

– Лично, мислам дека доколку Мутко беше со навивачите а не официјален претставник, исто така ќе учествуваше во тепачките против Англичаните, кои самите ги иницираа, вели Лебедев.

Од друга страна, капитенот на англиската репрезентација, Вејн Руни и тренерот Рој Хоџсон, побараа од навивачите да се воздржат од понатамошни “лудувања“.

– Сакам да им се заблагодарам на англиските навивачи за поддршката внатре во стадионот против Русија. Сега следи голем натпревар со Велс, и ве замолувам ако немате билет, да не патувате во Франција, им порача Руни на хулиганите.

Хоџсон пак, побара од Англичаните да се воздржат од беснеење по крвавите пресметки во Марсеј за време на викендот.

– Како тренер на Англија, очигледно ссум загрижен за заканата (од УЕФА) која виси над нас и санкциите кои би можеле да следат. Работевме напорно да стигнеме до тука, затоа ве молам воздржете се насилство, вели Хоџсон меѓу другото во видео-обраќање кон фановите.

За насилствата во Марсеј се огласи и главниот обвинител, според кој, Русите биле “тренирани за да се тепаат“.

– Имаше околу 150 руски навивачи кои реално се хулигани, вели тој, дополнувајќи дека во пресметките настрадале Англичаните.



Comments are closed.