Од:

С. Вилијамс го освоила Австралија опен во втор месец од бременост

Серена Вилијамс денеска објави убава вест. Американската тенисерка сподели со јавноста дека е влезена во 20 недела од бременост. Ако се има предвид дека тековната работна седмица е 20. во 2017 година, а од Австралија опен минаа 13, се стигнува до заклучок дека таа била втор месец во блажена состојба при освојувањето на Мелбурн, вкупно 23 гренслем трофеј во нејзината кариера. И тоа без загубен сет.

На стартот ја елиминира Белинда Бенчиќ со 6:4, 6:3, во второто коло беше подобра Луси Сафарова со 6:3, 6:4, па Никол Гибс со 6:1, 6:3, а најмногу мака имаше со Барбора Стрицова во осминафиналето (7:5, 7:5). Во четврт-финалето загуби пет гема против Џоана Конта (6:2, 6:3) и за место во финалето славеше убедлива победа над Мирјана Лучиќ-Барони со 6:2, 6:1.

Во мечот за титулата ја совлада својата повозрасна сестра Венус Вилијамс со 6:4, 6:4.