Од:

САД испраќа воено зајакнување во Полска

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа од утрово да пристигнуваат во Полска, јави Би-Би-Си.

Тие се дел од одговорот на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО сојузниците поради Русија.

Нивното пристигнување се случува на само неколку дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп во Белата куќа. Тој најави дека сака да ги подобри односите со Русија па аналитичарите во Европа се прашуваат дали Трамп ќе ја продолжи оваа акција на Обама.

Ова е досега најголемото воено зајакнување во Европа. Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила пристигнаа во Германија и сега се префрлуваат кон Источна Европа по патишта и железница.  Тие ќе водат вежби во Балтикот. Планот е воените сили да ротираат секои девет месеци.