Од:

САД одобрија Фонд за борба против руската агресија и влијание

Американскиот Конгрес вчера одобри нови 100 милиони долари за справување со, како што се наведува, „руското влијание и агресија“ и во поддршка на организациите на граѓанското општество во Европа и Евроазија.

Ова е дел буџетскиот закон усвоен во двата дома на Конгресот, а договорен меѓу републиканците и демократите. Американските конгресмени исто така ја поддржаа и мерката со која се воведуваат нови рестрикции врз руски дипломати во САД.

Таканаречениот Фонд за борба против руското влијание посебно е наменет за Европа, односно граѓанските организации инволвирани во заштитата на владеењето на правото, медиумите и другите програми што ги зајакнуваат и зацврстуваат демократските институции и процеси и за справување со руското влијание и агресија.

Голем број демократи и републиканци нагласија дека ширењето лажни вести, странското финансирање на политички партии, пропагандата и другите прикриени активности се индикација за агресивните руски напори за мешање или за уривање влади кои не се пријателски раположени спрема Москва.