Од:

Само ВМРО-ДПМНЕ поднела предлози за членови на Избирачките одбори

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која до полноќ доставиле предлози за свои членови на Избирачките одбори до ДИК.

Од ДУИ за НОВА потврдија дека не доставиле предлози, но не сакаа да ја коментираат засега таквата одлука.

Свои предлози не доставиле и ДПА, што може да се протолкува во правец дека тие се против оддржување на предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни во вакви околности.

Најголемата опозициска партија – СДСМ, не го стори тоа, ако се има во предвид нивниот став дека ќе ги бојкотираат изборите ако претходно не се спроведат неопходните реформи, кои патем ги побара и меѓународната заедница – прочистување на избирачкиот список, реформа во медиумите и одвојување на партијата од државата.

Законски, доколку партиите кои имаат такво право не предложат членови за ОИК тие ќе се пополнат од редовите на администрацијата, а следна точка која дефинитивно ќе одреди која партија има a која нема намера да настапи на изборите ќе биде 11 мај, кога е последниот рок до кој партиите и коалициите мора да поднесат листи со кандидати за пратеници. Во меѓувреме се водат преговори за излез од ваквата компликувана ситуација која најверојатно ќе заврши со одложување на изборите или со уште подлабока политичка криза.