Од:

Санкциониран полски пратеник во ЕП поради навреда за жените

Европскиот пратеник од Полска Јануш Корвин-Мике е казнет со 9.210 евра и суспензија од 10 десет дена поради неговата изјава дека жените се помалку интелигенти од мажите, најави претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Антонио Тајани.

“Со навредите испратени до сите жени г-дин Корвин-Мике ги погази нашите фундаментални вредности”, изјави Тајани.

Освен наведените санкции Полјакот нема да може да го претставува ЕП во текот на наредната година.

Полскиот пратеник има 74 години и често имал расистички изјави. На дебатата за за изедначување на платите помеѓу жените и мажите на пленарна сесија тој рече:

“Се разбира дека жените треба да заработуваат помалку од мажите затоа што се послаби, помали и помалку интелигенти”.

Овие зборови предизвикаат бран протести особено во неговата земја каде 700.000 лица потпишаа петиција барајќи санкции за пратеникот.

Корвин-Мике е пратеник на екстремната десница и беше санкциониран во 2016 година од страна на ЕП поради изјавата во која рекол дела бранот мигранти во Европа може да се спореди со “истурање измет”.

Неколку месеци претходно, на пленарна сесија на ЕП, тој ја крена раката во нацистички поздрав.