Од:

Санта мраз четири пати поголема од Лондон распука на Јужен пол

Санта мраз четири пати поголема од Лондон распука на Јужниот пол. Пукнатината на мразот со тежина од трилиони тони и површина од 5.800 квадратни километри, научниците ја утврдиле од сателит, а според сознанијата цепнатината настанала изминативе неколку дена.

Предвидувањата се дека доколку се отворат глечери од пукнатините на мразот во Јужниот Океан, за 10 сентиметри би пораснало глобалното ниво на водата.

Воедно, оваа санта мраз важи за една од 10 најголеми ледени површини маркирани од научниците.

Според Британската антартичка мисија (БАС), ова било за очекување особено затоа што истражувањето покажало дека оваа санта мраз нема да издржи долго споена.

– Нашите научници одблиску ќе следат како ќе се однесуваат половините од мразот, додека нашите биолози ќе следат како се создаваат нови животни средини, вели  Ендрју Флеминг од БАС.