Од:

СДСМ: Градската болница веќе десет дена не прима итни пациенти

Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина – расипан бил лифтот, обвини денеска СДСМ.

Од партијата пратија до медиумите испратија документ со известувањето кое директорката Јасминка Чабуковска го пратила до лекарите и до медицинскиот персонал, а во кое пишува итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи.

„Како што може да се види на штембилот горе, Известувањето е издадено на 10 февруари и во него стои дека лифтот ќе бил поправен во рок од три дена, до 13 февруари. Денеска е 19 февруари. Лифтот во Градската болница се уште не работи.

Според информациите од чесни лекари, загрижени за здравјето и животот на пациентите, се враќаат итни случаи, донесени повредени граѓани, кои се пренасочуваат по други болници. Луѓето не се информирани дека доаѓањето до Градската болница е само губење време. Некои од нив, ваквата несериозност на раководството на болницата и на здравствените власти може да ги чини и живот! Според  информациите што ги имаме, лифтот не бил поправен досега, бидејќи поправката чинела скапо“, пишува во соопштението на СДСМ.