Од:

СДСМ: Граѓаните се задолжени со нови 25,3 милиони евра

Министерството за финансии не запира со нови задолжувања на товар на граѓаните, реагира опозициската СДСМ. оттаму велат дека на денешната аукција на хартии од вредност на домашниот пазар, граѓаните се задолжени со нови 25, 3 милиони евра.

-И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денес на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра.Иако за враќање доспеваа 21.2 милиони евра, министерот за финансии, Кирил Миноски, одлучи да ги задолжи граѓаните за 25.3 милиони евра, што се 4.1 милиони евра повеќе од долгот што доспева за враќање, се вели во реакцијата на СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека јавниот долг е на историски износ од над 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.