Од:

СДСМ: Иванов и Груевски немаат право да предизвикуваат дестабилизација

Ќе има конститутивна седница и избор на нов претседател на Собранието и од него Ѓорге Иванов ќе биде известен дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата Влада“, реагираат од СДСМ на интервјуто на Иванов за унгарскиот весник „Маѓар Хирлап“

„Ѓорге Иванов нема право за личен спас на Никола Груевски да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија! Со денешното интервју, Иванов самиот се разобличи во намерата да го поддржува Груевски во неговата цел за продлабочување на политичката криза. Но, двајцата, не смеат да го уриваат уставниот поредок, да предизвикуваат дестабилизација, да излегуваат со неразумни барања за нови избори, само затоа што Груевски има потреба да бара спас од одговорноста за криминалите што ги правел“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Во соопштението на партијата се вели дека на државата и на граѓаните им е потребна итна стабилизација по кредибилните избори и формирањето на парламентарно мнозинство на демократски начин.